Карим Бензема е феномен, три хет-трика во месец април (видео)

Карим Бензема продолжува со неверојатните настапи во дресот на Реал Мадрид, откако францускиот ас го забележа и третиот хет-трик во месец април.

Слично како на дуелот со Валјадолид, Бензема и денеска против Алмерија повторно постигна хет-трик за само едно полувреме, три пати матирајќи го голманот на гостите.

Серијата голови беше отворена со рутинскиот погодок во шестата минута на додавање на Винисиус, а Бензема зголеми на 2-0 по фантастичниот дриблинг и асистенција на Родриго. Хет-трикот беше комплетиран со голот од пенал постигнат пред крајот на првото полувреме.

Покрај средбите со Валјадолид и со Алмерија, Бензема постигна хет-трик и на гостувањето против Барселона во полуфиналето од Копа Дел Реј.

Се вчитува...