Карим Бензема го најави својот трансфер во Јувентус?

Карим Бензема одморот го користи како што подобро би се подготвил за новата фудбалска сезона. Тој сподели видеа на социјалните мрежи на кои тренира во парк, но еден детаљ го привлече вниманието на фановите и јавноста.

Имено Карим Бензема тренираше со новата официјална топка на Јувентус, што многумина го сфатија како најава за негов трансфер во италијанскиот шампионат. Претходно излезе информација дека Кристијано Роналдо веќе разговарал со својот поранешен соиграч од Реал Мадрид како би го натерал да ја заврши авантурата на „Сантијаго Бернабеу“ и да му се придружи во Торино.

Сепак, се уште не е сигурно дали ќе дојде до трансферот на Французинот, бидејќи главната причина поради која би дошол во Торино, а тоа е Кристијано Роналдо, можно е да ја напушти „Старата дама“.

Се вчитува...