Карлајл доби отказ во Далас, па се врати назад во стариот клуб

Рик Карлајл мина само десетина дена без работа во НБА-лигата, откако искусниот стратег експресно анјде нов ангажман по врачениот отказ од раководството на Далас маверикс. Честите конфликти со Лука Дончиќ според американските медиуми беа главна причина за разделбата на Карлајл од Далас, но овој стручњак веднаш доби неколку понуди, од кои ја избра онаа на својот поранешен клуб Индијана.

Овој стручњак беше асистент во стручниот штаб на пејсерс од 1997 до 2000 година, потоа со успех го водеше тимот на Индијана во периодот од 2003 до 2007, по што си замина и го презее кормилото на Далас. Тој 13 сезони го водеше Далас, притоа стигнувајќи до девет пласмани во плејофот, а во 2011 година го оствари и најголемиот успех – освојувајќи ја шампионската титула во НБА-лигата.

Американските медиуми информираат дека Карлајл потпишал четиригодишен договор со Индијана за плата од 29 милиони долари.

Се вчитува...