Карлик Џонс: Не го избркавме ние Желимир, се грижевме за нашата безбедност

Најдобриот кошаркар на Партизан, Карлик Џонс се повреди минатата сезона, токму во периодот кога тренерот Желимир Обрадовиќ го напушти клубот. Целиот тој процес предизвика големи превирања, а плејмејкерот од Охајо мораше се да набљудува од страна.

Многумина велат дека повредата на Џонс била еден од главните фактори за лошите игри на тимот  било поради отсуството на Карлик од теренот, било поради неговото отсуство од соблекувалната. По заминувањето на Обрадовиќ, голем број навивачи им замерија на играчите што трофејниот тренер си замина од Партизан.

„Кога се повредив, не бев многу со тимот, па не можам многу да кажам. Се движев со патерици и беше тешко постојано да бидам таму. Тимот беше позитивен, тоа можев да го забележам. Беа фрустрирани поради поразите, но атмосферата беше во ред. И Жељко беше таков, немаше моменти кога изгледаше поинаку. Се разбира, тренерот беше лут поради серијата порази. Не знам точно кога се тргна наопаку. На крајот, навивачите се свртеа против нас. Дојдоа на тренинг и упаднаа во просторот каде што трениравме. Бевме загрижени за нашата безбедност, па отидовме во салата, за секој случај. Не сакавме да дојде до тоа, но мислевме дека ќе мораме да се браниме. Ги разбирам навивачите и љубовта кон Жељко, но ние не го избркавме. Тој си замина. Во тоа време, гледав секакви работи на социјалните мрежи и бев лут, се додека не разговарав со Жељко. Нема да кажам за што разговаравме, но по тој разговор, сè разбрав многу подобро.“, изјави Карлик Џонс.

Се вчитува...