Карло Анчелоти отпиша 16 фудбалери

По разочарувачката елиминација во осминафиналето на Светското првенство од Норвешка (1-2), бразилската фудбалска репрезентација започнува процес на целосна реконструкција. Селекторот Карло Анчелоти го објави својот прв список по Мундијалот, потврдувајќи го почетокот на „вистинската ера на Анчелоти“, насочена кон пласман на Светското првенство во 2030 година, чии домаќини ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко.

Италијанскиот стручњак направи драстичен рез, откако дури 16 играчи се отстранети од бразилската репрезентација, вклучувајќи ги досегашните носители на играта како Нејмар, Данило, Касемиро, Фабињо, Алекс Сандро, Алисон и Едерсон.

Во националниот тим се повикани дури осум дебитанти: Педро Мореско, Отавио, Артур Дијас, Жаир Куња, Матеузињо, Мауро Жуниор, Брено Бидон и Габриел Бонтемпо. Во тимот се враќаат и имиња како Естевао, Андре Сантос и Жоао Педро.

Главни столбови на новата генерација ќе бидат ѕвездите на Реал Мадрид и Барселона, Винисиус Жуниор и Рафиња. Покрај нив, Анчелоти го издвојува Ендрик како клучен играч во нападот за претстојниот период

Се вчитува...