Карло Анчелоти отпиша четири фудбалери на Реал Мадрид

Реал Мадрид остана без првиот голем трофеј оваа сезона откако загуби со 3-1 од Барселона во финалето од Суперкупот на Шпанија. Поразот донесе и разгор во редовите на мадридскиот тим од каде се подготвени и заминувања, пренесуваат шпанските медиуми.

Станува збор за Алваро Одриозола, Хесус Валехо, Еден Азар и Мариано Диаз на кои италијанскиот стратег Карло Анчелоти не смета во одлучите натпревари, а самото незадоволство на играчите од минутажата носи и лоша атмосфера во соблекувалната.

Четворицата се слободни да ја променат средината, но тоа нема да биде толку лесно со оглед на разликата во финансии кои ги добиваат во „кралскиот“ клуб и понудите кои ги имаат на масата.

Се вчитува...