Карлос Алкараз ја освои титулата во Мадрид

Младиот шпански тенисер по победата над Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето и полуфиналето, без големи проблеми стигна до својата втора АТП мастерс 1000 титула.

Тој во финалето на турнирот во Мадрид беше убедлив против Германецот, Александер Зверев со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-1. Во првиот сет на Шпанецот му беше доволен само еден брејк, додека во вториот дури три пати успеа да го одземе сервисот на противникот.

Младиот тенисер веќе е еден од фаворитите и за освојување на вториот гранд-слем во сезоната, Ролан Гарос.

 

Се вчитува...