Карлос Тевез повторно доаѓа во Вест Хем?

Аргентинскиот ас Карлос Тевез би можел повторно да пристигне во Премиер – лигата и да го облече дресот на Вест Хем. Постои интерес од двете страни, „чеканите“ би добиле искусен напаѓач за следната сезона, а Тевез би се вратил на Островот и на најдобар можен начин би ја завршил кариерата.

Бока Јуниорс сака да го задржи Карлос Тевез уште една сезона, но тој вели дека сите опции се отворени, со оглед дека е слободен агент.

„Ги разгледувам сите опции. Имам разговори и со Вест Хем, секако имам понуда и да продолжам уште една сезона во Бока Јуниорс. Не би сакал да се врзувам со зборови, затоа што навистина сите варијанти се во игра“, вели Карлос Тевез.

Аргентинецот во Премиер – лигата ги носеше дресовите на Вест Хем, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Се вчитува...