Карвахал: Лудо дерби, клучен беше црвениот картон

Во таборот на Реал Мадрид сосема оправдано владее големо разочарување по поразот од Барселона со голот во последната минута на Лео Меси. „Кралевите“ херојски се вратија со играч помалку, имаа и шанса за 3-2, но на крајот претрпеа пораз со кој повторно интересна станува трката за титулата. Според десниот бек Карвахал, клучен момент на натпреварот бил црвениот картон што на десетина минути до крајот го заработи Серхио Рамос.

Ова беше лудо дерби, а клучен момент беше црвениот картон на Рамос. Игравме добро, успеавме да израмниме, но сепак останавме без бодови. Секако дека сме разочарани, но мораме да се фокусираме, имаме натпревар помалку од нив, треба да победиме и повторно да имаме предност на табелата. Не треба да се  бараат виновници, денеска Меси одигра фантастично и им ја донесе победата на каталонците. Ние треба што поскоро да го заборавиме овој дуел, бидејќи веќе в среда не очекува нов натпревар“ – изјави Карвахал.

Се вчитува...