Касано: Поубав сум од Бекам, Роко Зифреди ме бараше да глумам во порно филм

Еден од најконтроверзните фудбалери во историјата, Антонио Касано говореше за својот престој во Реал Мадрид, но и понудата од 2016 од познатиот порно актер за учество во еден од неговите филмови.

„Дејвид Бекам е одличен фудбалер, но пред се е феноменална личност. Тој е рок-ѕвезда. Го сакаат секаде во светот, но да бидеме искрени јас сум поубав од него. Во 2016 Роко Зифреди ме побара за еден него филм. Антонио, Малена Ла Пулиезе те чека, не ме оставај сам со неа“, се потсети Касано. 

Антониот Касано помина две години на „Сантијаго Бернабеу“ во кои не се прослави, бидејќи за „кралевите“ настапи на само 19 натпревари на кои постигна два гола.

Се вчитува...