Касано повторно „удри“ по Мурињо: Тој го уништува имиџот на Рома!

Поранешниот фудбалер на Рома, Антонио Касано воопшто не мирува кога е во прашање Жозе Мурињо.

Големи се препукувањата меѓу нив двајцата во последно време, а Касано одлучи повторно да го „чепне“ португалскиот стратег.

„Мурињо рече дека оди на одмор. Се надевам дека повеќе нема да се врати во Италија. Во последните две години гледавме само вулгарности и тепачки од негова страна. Учествува постојано во уништувањето на имиџот на Рома. Поради моите блиски луѓе во клубот се надевам дека ќе замине во Португалија и повеќе нема да се врати“ – изјави Касано.

Касано смета дека судијата Тејлор многу погрешил во финалето на Лигата на Европа, но…

„Судијата погреши, но така грешат и играчите кога ќе промашат гол. Тејлор се мачеше на тој меч, но се што беше подоцна го започна Мурињо. Го чекаше на паркинг судијата за да реагира, а потоа и навивачите го нападнаа Тејлор на аеродром предизвикано од однесувањето на Мурињо“ – истакнува Касано.

Се вчитува...