Кашемиро на лето се сели во Арсенал?

Англискиот премиерлигаш Арсенал е сериозно заинтересиран за Бразилецот Кашемиро од Реал Мадрид. Менаџерот Унаи Енери сака да ја засили средината на теренот со дефанзивен играч за врска, каде засега ги користи Гранит Џака и Мохамед Елнени. Но, за неговиот тим да биде поконкурентен во Премиер – лигата и да може да се бори за титулата, Емери знае дека му е потребен врвен играч кој ќе прави баланс меѓу одбраната и нападот.

Раководството на „топчиите“ ја разгледува опцијата за ангажман на Кашемиро, а најавите од Островот велат дека Арсенал е подготвен да плати 60 милиони евра. Можеби и доволно за „кралскиот клуб“, со оглед дека и на „Сантијаго Бернабеу“ се подготвува поголема реконструкција по завршувањето на сезоната.

 

Се вчитува...