Кашемиро останува „крал“ до 2023 година

Реал Мадрид ќе го задржи Бразилецот Кашемиро до 2023 година, објави „Марка“. Договорот е веќе потпишан, откако раководството на клубот најде заеднички јазик со одличниот играч за врска за продолжување на соработката за дополнителни две сезони. Промоцијата на „Сантијаго Бернабеу“ ќе следи наредните денови.

Кашемиро изминатите сезони беше еден од клучните фудбалери во составот, тренерот Зинедин Зидан има огромна доверба во него. На негово инсистирање навремено му е понуден нов договор, со оглед дека постоеше сериозен интерес од Пари Сен Жермен.

Бразилецот оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, повеќе од било кој друг играч во составот, што доволно отсликува каков е неговиот статус. На „Сантијаго Бернабеу“ дојде во 2013 година од Сао Паоло, а во сезоната 2014/15 играше на позајмица во Порто.

 

Се вчитува...