Касилјас: Да не доживеев срцев удар на терен, денеска би бил мртов

Бразилецот Роналдо ги собра преку видео-комуникација на едно место Роберто Карлос, Луис Фиго, Дејвид Бекам и Икер Касилјас потсетувајќи на заедничките мигови на терен.

Посебно емотивен беше разговорот на Роналдо до Касилјас…

„Комбинацијата на клуб и град не може да биде подобра отколку што е тоа Мадрид и Реал. Беше тоа еден од најдобрите периоди за мене во животот“ – истакна Роналдо, на што се надополни Касилјас.

„Беше привилегија да те имаме во Мадрид. Остави огромна трага“.

Двоецот потоа се потсети на проблемите со повредите за Роналди и проблемите со срцето за Касилјас.

„Срцевиот удар навистина ме шокираше. Имав среќа што се случи на терен, тоа ми го спаси животот. Да се случеше на било кое друго време, денеска немаше да разговараме“ – рече Касилјас.

Се вчитува...