Касилјас: Можеби требаше да умрам, но имав среќа…, Мурињо прв ми се јави

Додека од 2010 до 2013 година го водеше Реал Мадрид, Жозе Мурињо често и јавно имаше вербални судири со Икер Касилјас. Но, шпанскиот голман во разговор со ЕСПН и денес тврди дека португалскиот стратег е прекрасна личност.

Помалку е познато дека двајцата од претходно ги решија своите несогласувања, а Касилјас сега открива една анегдота во моментите кога доживеал срцев удар.

„Многумина не знаат, но Мурињо беше еден од првите тројца кои ме повикаа и ме прашаа како сум“ – открива Касилјас, притоа дополнувајќи:

„Видов луѓе кои долго претходно не сум ги видел, почнав да ги ценам малите нешта во животот. Размислуваш што сакаш да направиш во денот кога ќе се разбудиш. Повеќе живееш ден за ден. Јас имав среќа, која многу луѓе ја немаат. Можеби требаше да го напуштам овој свет, но поради околностите почнав да го ценам многу повеќе секој ден што го живеам“.

Се вчитува...