Касилјас: По срцевиот удар се плашев да одам и да спијам

Пред една година во краток период на семејството Касилјас му се случија две несреќи. Прво Икер на тренинг на Порто доживеа срцев удар, а потоа неговата сопруга и спортска новинарка Сара Карбонеро откри дека има тумор. За среќа Икер се опорави во целост, додека Сара имаше успешна операција и добро се чувствува.

„По срцевиот удар месец дена се плашев да одам, спијам и да имам било каков физички напор. Беше многу тешко и се чувствував тажно. Оттогаш работите во нашите животи се променија. На секој момент почнавме да му даваме поголема важност. Многу повеќе го цениме животот“, изјави Касилјас. 

Легендарниот голман одлучи да се кандидира за претседател на Шпанската фудбалска федерација, а во моментов работи како тренер на голманите во Порто.

Се вчитува...