Касилјас прогнозира: Реал против Наполи во финалето на ЛШ

Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас, верува дека „кралевите“ можат да ја одбранат европската круна и да стигнат до 15. титула во Лигата на Шампионите.

Најтрофејниот европски клуб во четвртфиналето ќе се сретне со Челси, тимот на Карло Анчелоти не е вбројуван меѓу фаворитите за трофејот, но така беше и лани, па „кралевите“ по 14. пат во историјата се искачија на тронот на фудбалска Европа.

„Верувам дека Реал Мадрид може да стигне до титулата, има квалитет да го победи секој противник. Што се однесува до финалето, мислам дека таму ќе играат Реал Мадрид и Наполи, тоа би бил одличен меч“, прогнозираше Икер Касилјас.

Се вчитува...