Пет години откако го напушти Реал Мадрид каде настапуваше цела своја кариера, Икер Касилјас објави на социјалните мрежи дека еден ден ќе се врати во клубот.
Легендарниот голман не прецизира кога би можело тоа да се случи, но јасно алудира дека сака во иднина да се вклучи во раководните структури на Реал Мадрид.
„Ретко зборувам за моето заминување од Реал Мадрид. Кога заминував сам одржав прес-конференција и тоа беше голема грешка. Минаа пет години откако заминав, пет години откако ја минав границата во Португалија. Ова е фотографија од натпреварот со Гетафе за кој веќе знаев дека ќе биде мој последен“ – напиша Касилјас меѓу другото на својот Инстаграм профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА