Каспаров: ФИФА треба каблите да ги прави од хрватска коса

Контроверзниот гол на Џуд Белингем против Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство е главна тема на светската фудбалска јавност. Спорната ситуација се случи во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме кога норвешкиот голман Орјан Ниланд ја дегажираше топката што стигна до англискиот играч од средниот ред Елиот Андерсон на средината од теренот, кој ја започна акцијата што резултираше со голот на Џуд Белингем за 1-1.

На полувремето, тренерот на норвешката Столе Солбакен му покажа на судијата Клемент Турпин кон кабелот што ја држи мобилната камера над тревникот, но му беше кажано дека судијата не го видел контактот помеѓу топката и кабелот, ниту пак ВАР.

Откако ФИФА објави дека топката не допрела кабел од камерата, голем број стручњаци и поранешни судии продолжија да ја доведуваат во прашање одлуката на судиите да го признаат голот на Англија.

Гари Каспаров, поранешен светски шампион во шах реагираше на оваа ситуација. Во саркастичен пост на X, тој ја критикуваше ФИФА.

„ФИФА треба да ги направи сите кабли за камери од хрватска коса“, напиша Каспаров.

Тој го направи тоа алудирајќи на фактот дека голот на Игор Матановиќ за Хрватска против Португалија беше поништен бидејќи топката ја допре косата на хрватскиот напаѓач.

Се вчитува...