Каспер Долберг запиша понижувачка статистика во финалето со Јунајтед

Каспер Долберг, 19-годишниот напаѓач на Ајакс, важи за голем талент на европскиот фудбал, но синоќа забележа статистика која ниту еден играч не сака да ја има во кариерата. На вчерашното финале во Лигата на Европа против Манчестер јунајтед во Стокхолм, Долберг првпат ја почувствува топката во 18. минута, откако мораше да ја започне играта од центар по голот на Пол Погба.

Ова значи дека младиот Данец чекаше речиси четвртина од натпреварот за да одигра додавање, а и тоа при изведување од центарот. Одбранбените фудбалери на Јунајтед, Смолинг и Блинд, целосно го изолираа. Во отсуство на Ерик Баи, тие одлично ја завршија задачата бранејќи го голот на Ромеро.

Талентираниот голгетер ќе сака што побрзо да го заборави финалниот настап, бидејќи покрај овој податок, Долберг не беше приметлив и во продолжението, па во 62. минута на негово место влезе Давид Нерес. Данецот оваа сезона постигна 23 гола на 47 настапи за Ајакс,  но се уште ќе треба да се докажува во врвниот европски фудбал.

Се вчитува...