Каспер Шмајхел е пред сензационален трансфер во Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми. Оле Гунар Солскјер во тимот сака да го доведе синот на голманот со кој ја освои Лигата на шампионите во 1999 година. Давид де Хеа сезонава имаше неколку натпревари на кои беше директен виновник за поразот на својот тим и веќе не е во препознатливата форма во која беше минатите сезони, па затоа Солскјер сака да ја освежи голманската позиција со данскиот интернационалец.
Kаспер Шмајхел во Лестер стигна во 2011 година, а во овие девет години е стандарден првотимец и за тимот забележа 339 настапи во сите натпреварувања. Данецот е еден од малкумината во тимот кои останаа од шампионската генерација која го шокираше фудбалскиот свет во 2016 година кога успеа да ја освои Премиер-лигата. Доколку Шмајхел премине на „Олд Трафорд“ се очекува Давид де Хеа да го напушти клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА