Кастер Семенија влезе во историјата по одлуката на Арбитражниот суд

Атлетичарката од Ј.Африка, Кастер Семенија, стана прва во историјата со две олимписки титули на 800 метри, по одлуката на Арбитражниот суд во Лозана кој завршно ја отврфли жалбата на Русинката Марија Савинова.

На Савинова и беше одземена олимписката титула од ОИ 2012 во Лондон, откако претходно беше потврдено дека користела допинг и манипулирала со податоците во биолошкиот пасош. Како резултат на тоа, сите нејзини остварувања во периодот од 26 јули 2010 до 26 јули 2014 беа анулирани. Савинова меѓу другото, ги загуби и олимписката, светската и европската титула. Русинката се жалеше по одлуката пред Арбитражниот суд.

Конечното решение на Судот во Лозана, значи дека Семенија официјално стана шампионка од Олимписките игри во Лондон. Атлетичарката поради која со години се бранува атлетската јавност, има олимписко злато и од ОИ 2016 во Рио и е прв спортист од Јужноафриканската Република со титули од две Олимпијади по ред. Освен тоа, на Семенија и службено и припадна и златниот емдал од Светското првенство во 2011 година.

Се вчитува...