Кастер Семенја: Не разбирам зошто велат дека сум машко, кога јас сум жена!

Контраверзната јужноафриканска атлетичарка, Кастер Семенја, одново е во центарот на вниманието на јавноста пред почетокот на Светското првенство во Лондон. Уште откако се појави на атлетската сцена Кастер Семeнја (26) предизвикува различни реакции во јавноста, а тоа не стивнува ни пред атлетскиот шампионат во Лондон.

На 19-годишна возраст, Семенја освои златен медал на СП во Берлин во 2009 година. Нејзиниот изглед, но и доминацијата на патеката донесоа сомневања за нејзиниот пол и обвинувања од конкурентките дека е машко. Атлетичарката од Ј.Африка потоа беше подложена и на бројни тестови кои потврдија дека е женско. Семенја има и интереснa забелешка на сето тоа.

semenya-wins

„Не разбирам кога луѓето велат дека имам предност. Јас сум исто жена. Па, кога мочам, јас мочам како жена. Не разбирам кога ќе кажат дека сум машко и дека имам длабок глас. Јас сум жена и тоа воопшто не е спорно. Морав да најдам начин како да им ставам крај на сите тие потпрашувања за полот, па наместо негативност, работите ги гледам од позитивна страна. Тука многу ми помогна поддршката од моето семејство“ – изјави Семенја за јужноафриканскиот спортски канал СуперСпорт ТВ.

Но, во сето тоа останува неспорен факт дека телото на Кастер Семенја лачи абнормална количина на машкиот хормон тестостерон. Тестовите што и беа направени откако го освои златото на СП во Берлин во 2009 година, покажаа невообичаено високо ниво на природен тестостерон во телото на Семенја, па оттаму не чуди ниту нејзината физичка надмоќност во однос на противничките иако се работи за „природни предиспозиции“.

kaster2

Кастер Семенја освои злато на 800 метри на СП во Берлин, беше „сребрена“ на ОИ 2012 во Лондон и стана олимписка шампионка на ОИ 2016 во Рио де Женеиро. На Африканските игри минатата година освои три златни медали, на 800 м, на 1.500 м и во штафетата 4х400 метри, а сезонава постигна најдобар резултат на 800 метри во последните десет години, со време од 1:55.27.

Сето тоа, и покрај сите сомнежи околу полот, ја става Семенја во кругот на фаворити за медал и на претстојното СП во Лондон што почнува на 4 август.

Се вчитува...