Кастратовиќ: Ако се биде под контрола со коронавирусот, Металург ќе има добра и успешна сезона

Металург го освои третото место на традиционалниот турнир „Струга 2020“ кој оваа година, поради пандемијата на коронавирусот, беше еден вид мини-македонска лига.

Стратегот на „металурзите“, Зоран Кастратовиќ е задоволен од ефектот на неговата екипа во Струга, исклучувајќи го првиот натпревар со Е. Пелистер.

„Јас сум исклучително задоволен од учеството и претставата на Металург на турнирот во Струга. Единствено, во првиот натпревар со Пелистер грешевме и изгубивме, додека во преостанатите натпревари го видов она што го барам од моите ракометари. Затоа генерално може да бидам задоволен“ – вели Кастратовиќ.

Кастратовиќ дополнува дека главна цел во првиот дел од сезоната е пласман во групната фаза во Лига на Европа.

„Имавме супер подготовки во Скопје и Маврово, и ако се биде под контрола со коронавирусот мислам дека ќе имаме добра и успешна сезона. Наша главна цел во првиот дел од сезоната е пласман во групната фаза во Лига на Европа. Затоа, треба да одигравме добри натпревари против Спачва, а и потоа со ривалот кој ќе го добиеме“ – истакнува тренерот на Металург.

Се вчитува...