Катар потрошил 208 милијарда евра за Мундијалот, 17 пати повеќе од Русија

Катар потроши околу 208 милијарди евра за организација на Светското првенство годинава, или 17 пати повеќе отколку Русија која го организираше Мундијалот во 2018 година.

„Сан“ пишува дека Русија потрошил околу 13 милијарди евра, или многу помалку од Катар оваа година. Бразил потрошил 17 милијарди евра, а Јужна Африка „само“ 4 милијарди евра.

Сепак, сумата од 208 милијарди евра, често се поврзува со Светското првенство, но всушност ова е амбициозна стратегија за модернизација на Катар. Повеќето од големите проекти, какви што се нови патишта, метро, аеродром, хотели, беа планирани уште пред да биде доделено домаќинството на Мундијалот. Ова го соопшти Ал Нуами, портпаролката на Мундијалот.

„СП е само дел од развојот на Катар. Ова е широка владина стратегија насочена кон интензивен развој на градовите, индустријата и различните капацитети на земјата. Сумата се поврзува со Мундијалот, но не се само стадионите, туку и другите инфраструктурни проекти“, рече Ал Нуами. 

Се вчитува...