Катар се пофали дека се продадени речиси три милиони билети за Мундијалот!

Фудбалската треска во Катар почнува веќе следниот месец, а Катар ќе биде домаќин на Светското првенство, кое оваа година за првпат ќе се одржи во нетипичен термин.

Во пресрет на овој турнир, Катар се пофали дека се продадени речиси три милиони билети. Катар, Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија се трите држави од каде најмногу се купиле билетите за натпреварите на светскиот собир. Досега се продадени приближно три милиони билети.

Турнирот првпат ќе се одржи во држава од Блискиот исток. Настанот ќе биде различен и по тоа што ќе биде прв кој ќе се организира во завршниот период од годината.

Мундијалот започнува на 20 ноември, а ќе заврши со големото финале, кое ќе се одигра на „Лусаил Иконик Стадиум“.

Се вчитува...