Катар урива рекорди: Продадени над милион билети за Светското првенство

По втората фаза од продажбата, бројот на продадени билети за Светското првенство во фудбал е 1.200.000, потенцираше генералниот секретар на Организациониот одбор Хасан Ал Тавади. Интересот е огромен, а за тоа сведочат и продадените билети.

Организаторите на Мундијалот претходно објавија дека се регистрирани вкупно 40 милиони барања за влезници, од кои 17 милиони во првата и 23 милиони во втората фаза.

„Мислам дека побарувачката е на рекордно високо ниво. Луѓето купуваат и со нетрпение очекуваат да дојдат“, рече Ал Тавади на Катарскиот економски форум во Доха.

За потсетување, Светското првенство во Катар ќе биде оддржано од 21 ноември до 18 декември.

Се вчитува...