Катарски милиони за Горан Пандев…

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев доби уште една фантастична понуда за да ја напушти Италија. Богатите Катарци сакаат да уживаат во игрите на „Гранде Пандев“ и за тоа се подготвени добро да платат. Се работи за понуда од околу 4 милиони евра по сезона, која го става македонскиот ас на големо искушение дали да ја напушти Џенова и следните две сезони да ги мине во првенството на Катар.

Таму веќе е неговиот добар пријател од Интер, Весли Снајдер, кој настапува за тимот на Ал Гарафа, а најзаинтересиран за Пандев е клубот Ал-Духаил. Таму менаџер е Руи Фарија, кој долги години беше прв асистент на Жозе Мурињо и многу добро го познава Горан Пандев од периодот кога заедно освоија тројна круна со „нероаѕурите“.

Откако Мурињо доби отказ од Манчестер Јунајтед, Руи Фарија одлучи да се нафати на нов предизвик и седна на клупата на катарскиот клуб Ал-Духаил.

Пандев има понуда и од Гвангжу Евергранде да ја продолжи кариерата во Кина.

Се вчитува...