Катастрофална грешка на младиот Булка, ПСЖ со пораз ја почна новата сезона во Франција… (ВИДЕО)

Европскиот вицешампион ПСЖ со пораз ја стартуваше новата сезона во француската Лига 1. „Светците“ загубија 1-0 во првиот натпревар од новата сезона на гостувањето против Ленс.

Единствениот виновник за поразот на ПСЖ, кој настапи без најголемиот свои ѕвезди, беше младиот полски голман Марчин Булка кој во 57. минута направи катастрофална грешка пред својот гол дозволувајќи Ганаго да украде топка во шеснасетникот и да погоди од 12 метри…

 

За Ленс ова е прва победа во вториот натпревар од Лига 1 во новата сезона.

Се вчитува...