Неверојатен гол на Бенфика во Лисабон против Барселона за водство од 2-1. Долга топка, и огромно недоразбирање помеѓу Шчесни и Балде, кои се судрија, а Павлидис имаше пред себе празен гол, и ја искористи шансата.
Претходно Шчесни на натпревар во Супер-Купот исто така имаше погрешно излегување надвор од шеснаесетникот, а тогаш доби црвен картон.
Сега одново прави грешка, кобна за Барселона за 2-1 за Бенфика, а потоа португалскиот тим постигна уште еден гол и во моментов води 3-1. И на третиот гол „кумуваше“ Шчесни кој направи пенал, а Павлидис во првите 30 минути постигна хет-трик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА