Катастрофално прво полувреме за Вардар: ПИК Сегед веќе ја анулираше негативата од Скопје (17-9)

Лошо прво полувреме за македонскиот шампион Вардар на реванш четвртфиналната пресметка од Лигата на шампионите против ПИК Сегед во Унгарија. По првите 30 минути на реванш дуелот домашните веќе ја анулираа негативата од осум гола од Скопје и имаат предност од 17-9.

Во пеколна атмосфера во салата „Вароши“ во Сегед, Вардар одлично го почна натпреварот. По првите пет минути со извонредна одбрана без постигнат гол на дуелот, „црвено-црните“ до 15. минута имаа и водство од 2-3 и 4-5. Но, потоа следеше тотална доминација на унгарскиот тим кој воден од феноменалниот Бомбач нижеше погодок за погодок за да дојде на полувремето и до неверојатна предност од 17-9.

 

Вардар на првиот натпревар во Скопје триумфираше со 31-23, во очекување да ја одбрани оваа предност и да се пласира на Ф4 завршницата од Лигата на шампионите во Келн.

Се вчитува...