Ќатип Османи: Ова е Шкендија која сакам да ја гледам цела сезона

Сосема очекувано тренерот на Шкендија, Ќатип Османи не го криеше задоволството од изданието на своите избраници и новата убедлива победа од 0-4 на гостувањето против Дачија во Кишињев на стартот од квалификациите за Лигата на Европа.

„Одигравме навистина квалитетно за што може искрено да им честитам на моите фудбалери. Ова е Шкендија која сакам да ја гледам низ текот на целата престојна сезона. Доминиравме во текот на целиот натпревар во Молдавија, а можевме да стигнеме и до поубедлива победа. Оваа игра и овој резултат треба да ни дадат дополнителен мотив за тоа што не очекува во следната рунда натпревари во Лигата на Европа“ – истакна Османи веднаш по дуелот со Дачија.

Се вчитува...