Ќатип Османи: Повторно имавме проблеми со реализацијата

Актуелниот шампион Шкендија не ја стартуваше најдобро сезоната ниту во Македонија. Откако очајно лошо ги заврши настапите на европска сцена, тимот на Ќатип Османи на отворањето на шампионатот во Првата лига загуби со 1-0 на гостувањето кај Академија Пандев.

Тренерот вели дека повторно затаила реализацијата, а фудблерите прават премногу грешки.

„Ни се повторуваат грешките во реализацијата на шансите пред голот на противникот. Тоа ни се случуваше и на европските настапи. Како да ја загубивме и самодовербата. Едноставно не бевме на потребното ниво и тогаш поразот е неминовен“, изјави Ќатип Османи.

Се вчитува...