Ќатип Османи прозиваше: Шкупи ги стартуваше зимските подготовки (ФОТО)

Под водство на шефот на стручниот штаб, Ќатип Османи, фудбалерите на Шкупи денеска стартуваа со зимските подготовки.

Согласно програмата за работа на стручниот штаб првиот ден беа реализирани тестовите за физичка издржливост. Првата фаза од подготовките ќе се реализира до 22. јануари кога се патува за Анталија.

На денешниот прв тренинг со екипата беше и првото засилување за чаирчани, Јакуп Бериша.

Се вчитува...