Кацигата на Шумахер за Хамилтон: Ми беше идол, растев гледајќи го

Историското постигнување на Луис Хамилтон кој го израмни рекордот на Михаел Шумахер според бројот на победи на трките во Ф1 стигнувајќи до 91. триумф со успехот на трката за големата награда на Германија доби неверојатно признание. Веднаш по трката, синот на Михаел, Мик Шумахер му ја подари кацигата која му припаѓаше на неговиот татко од крајот на кариерата. Хамилтон остана без зборови.

„Не знам што да кажам. Кога растете гледајќи некого, тој ви е идол, гледате каков возач е, гледате се труди секоја недела да биде се подобар. Како дете кога си игравме јас бев Шумахер, не очекував дека би бил блиску до рекордот. Немаше ова да го направам без неверојатниот тим кој ме притиска да бидам се подобар“ – изјави Хамилтон.

Хамилтон е на најдобар пат да се израмни со Шумахер и според бројот на освоени титули. Тој засега има шест, а оваа сезона сигурно се движи кон трофејот, убедлив лидер е во поредокот на возачи со 230 победа, Ботас има 161, а Ферстапен 147.

 

 

 

 

 

 

 

230 160 147

Се вчитува...