Кавадарчани посилни со Австралиецот Братон

КK Тиквеш се засили со австралискиот бек Бруклин Братон, кој доаѓа од НБЛ1 лигата а веќе ги одигра првите минути за кавадарчани на бековската позиција.

Во Австралија го носеше дресот на Баларат Минерс, а сега го очекува нов предизвик во македонската кошарка.

Како што информираат од кавадаречкиот прволигаш, со него со добива дополнителна опција во надворешната линија во продолжението од сезоната во Суперлигата на Македонија.

Се вчитува...