Каваи Ленард потпиша нов договор со ЛА Клиперс

Кавај Ленард потпиша нов договор со Лос Анџелес Клиперс. Ленард потпиша четворогодишен договор 173,6 милиони долари. Последната година од договорот му е опционална и на него е дали ќе ја активира.

Ленард минатата сезона во дресот на Клиперс просечно бележеше 26 поени, 6,6 скока и пет асистенции по натпревар. Заработи повреда во плеј-офот поради што мораше да го пропушти конференциското финале кое неговиот тим го играше против Феникс Санс.

Поради повредата на предниот вкрстен лигамент Ленард ќе мора да го пропушти поголемиот дел и од новата сезона во НБА лигата.

Се вчитува...