Кавај Ленард го очекува долга пауза од терените

Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс Кавај Ленард го оперираше коленото поради повредата која ја имаше на предните вкрстени лигаменти. Тој се повреди на петтиот меч од полуфиналната серија во Западната конференција против Јута Џез.

Во моментов не може точно да се каже кога Ленард ќе се врати на терените, но предвидувањата се дека ќе мора да паузира околу девет месеци. Клиперс без него успеаја да ги елиминираат Џез, но немаа сила за ништо повеќе во финалната серија на Западот против Феникс Санс.

 

Се вчитува...