Кавани доби понуда што не се одбива: По 200.000 евра за секој постигнат гол во Калчо-лигата

Единсон Кавани беше многу блиску до потпис со Рајо Валјекано, но плановите на тимот на Столе Димитриевски беа нарушени откако Салернитана се вклучи во трката за ангажман на екс-голгетерот на ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Кавани би добил минимална плата, но затоа би имал фантастични бонуси доколку се согласи на понудата од Салерно. Конкретно, секој гол на уругвајскиот ветеран ќе му донесе 200.000 евра, па доколку Кавани успее да стигне до петнаесет гола, ќе стигне до три милиони евра премија само преку оваа клаузула.

Извори блиски до голгетерот тврдат дека тој е максимално мотивиран и сериозно ја разгледува оваа опција. Трансферот во Салернитана би значел камбек на Кавани во Калчо-лигата по пауза од девет години, кога го напушти Наполи за да се пресели во ПСЖ.

Се вчитува...