Кавани го промаши невозможното (видео)

ПСЖ се спасуваше на гостувањето против Сент Етјен, а „светците“ немаше да мораат да чекаат на автогол во судиското продолжение доколку Единсон Кавани не се посрамотеше во 76. минута од натпреварот.

Ди Марија излезе очи в очи со домашниот голман, а потоа го проигра Кавани, кој пред себе ја имаше празната мрежа. Сите веќе ја видоа топката во голот, но Уругваецот се посрамоти шутирајќи крај дирекот.

Им се случува и на најдобрите, но од Кавани сепак не се очекуваат вакви неверојатни промашувања.

Се вчитува...