Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани нема да си замине од „Паркот на принцовите“ ова лето. Тој вели дека сака да го испочитува актуелниот договор со клубот и веќе размислува за новите искушенија со тимот во следната сезона.
„Се чувствувам како дома во ПСЖ, и не размислувам за заминување. Не сум кажал ниту дека иднината ми зависи од клубот. Имам актуелен договор и сакам да го испочитувам. Што се однесува до мене, веќе размислувам за идните искушенија со овој тим“, изјави Единсон Кавани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА