Кавани се поблиску до „Џузепе Меаца“

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани е пред враќање во Серија А. За него голем интерес покажува Интер кој го планира како идеална замена за Лаутаро Мартинез. Аргентинецот е пред трансфер во Барселона, а Кавани би можел да пристигне на „Џузепе Меаца“ како слободен агент, што секако е одлична зделка за раководството на „нероаѕурите“.

За Кавани се интересира и Атлетико Мадрид, пред пандемијата на коронавирусот беше речиси договорен неговиот трансфер во Ла Лига, но потоа работата се изјалови. Во меѓувреме Пари Сен Жермен најави дека ќе му понуди на Кавани можност и да стане со нов двегодишен договор, но тој е решен да си замине, а најдобра варијанта за него во моментот е да се врати во Италија. Претходно, Кавани има настапувано за Палермо и за Наполи во Калчото.

Се вчитува...