Кавани веќе не крие: Одам во Барселона!

Единсон Кавани е решен својата кариера да ја продолжи во Барселона, а уругвајскиот голгетер веќе ги договорил и условите под кои ќе се пресели на „Камп Ноу“. Воедно, големиот ас веќе не ни крие дека каталонскиот гигант ќе биде негова следна дестинација, откако ја одбил понудата на Бока Јуниорс со образложение: Одам во Барса!

Кавани и во претходните години беше интересен за каталонскиот гигант, но по заминувањето од ПСЖ тој се реши да го засили тимот на Манчестер Јунајтед. Проблемот е во тоа што искусниот напаѓач добиваше премала минутажа на „Олд Трафорд“, а по доаѓањето на Кристијано Роналдо веќе стана јасно дека за него ќе нема место во тљаборот на „црвените ѓаволи“.

Новиот тренер Ралф Рангник веќе му ја отвори вратата за трансфер, по што Уругваецот ги договори условите за соработка со Барселона. Тој ќе пристигне на „Камп Ноу“ во јануари и ќе потпише договор на 18 месеци, период во кој Кавани ќе има загарантирана заработка од шест милиони евра, плус бонуси во зависност од бројот на голови и од успесите на Барса.

Недостигот на класичен голгетер беше главен проблем на новиот тренер Чави, но претседателот Лапорта експресно ја исполни оваа желба на младиот стратег на каталонскиот гигант.

Се вчитува...