Олимпијакос како прв носител ја имаше улогата на благ фаворит пред почетокот на евролигашкиот фајналфор турнир во Абу Даби, па разбирливо е незадоволството меѓу навивачите, но и во управата на грчкиот гигант откако „црвено-белите“ беа целосно надиграни и заслужено загубија во полуфиналето од Монако.
Последните информации од Грција говорат дека овој голем неуспех може да донесе и тренерска смена во Олимпијакос откако челниците на клубот веќе почнале да ја разгледуваат можноста за тренерска смена во текот на летово. Барцокас ќе го води тимот во грчкиот плејоф, а само импресивни изданија на „црвено-белите“ можат да го спасат овој стручњак од отказ.
Челниците сметаат дека инвестирале премногу пари во играчкиот кадар и дека тренерот морал да го извлече максимумот од тимот, да не дозволи фијаско како она во полуфиналето против Монако. Доколку се реализираат најавите за смена, главен фаворит за нов тренер на Олимпијакос е Чави Пасквал, екс-тренерот на Барселона кој од 2020 година се наоѓа на кормилото на тимот на Зенит во ВТБ-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА