Единаесет месеци затвор доби родителот кој тепаше фудбалери на пионерски натпревар кој се одигра на стадионот Бело Брдо во Штип, кога играа екипите на Брегалница и на Шкупи.
По завршување на натпреварот, настана мешаница по која еден од родителите на гостински фудбалер влезе на теренот и почна да удира по играчите. Натперварот се одигра на 24. август, а заврши со победа на Брегалница од 2:1.
Основниот суд во Штип донесе пресува со која обвинетиот А.А. од Скопје за кривично дело насилство од член 386 став 4 од кривичниот законик е осуден на казна затвор од 11 месеци.
Младите фудбалери се здобиле со повреди кои биле констатирале во Клиничката болница во Штип.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

