Германците го изразија незадоволството поради цензурата на ФИФА

Германските фудбалери непосредно пред почетокот на натпреварот со Јапонија, на свој начин го изразија незадоволството поради неможноста да носат „шарена капитенска лента“ и знаците „една љубов“, што ФИФА им го забрани на националните тимови непосредно пред почетокот на Мундијалот во Катар.

Меѓутоа Германија најде начин како да го искаже незадоволството од овој потег, а сега можно е и да бидат казнети од страна на меѓународната светска федерација.

Многу клубови и навивачки групи во Германија го искажаа своето незадоволство поради прекршување на човековите права и поради дискриминацијата која ја демонстрираше Катар. Затоа Германците се очекува да имаат помалку фанови на овој Мундијал, како незадоволство од тоа што се одржува во оваа земја.

Се вчитува...