„Ќе биде болно доколку Мерцедес биде пред Ферари“

Директорот на Формула 1 тимот на Ферари, Матија Биното изјави дека би било навистина болно, доколку италијанскиот тим заврши зад Мерцедес годинава во пласманот на конструктори.

Претседателот на Ферари, Џон Елкан неодамна изјави дека е задоволен од Биното, но и дека е недозволиво Ферари да биде зад Ред Бул, а што ќе се случи доколку на крајот и Мерцедес биде поуспешен од тимот од Маринело.

„Ако ја гледаме сезоната досега, знаеме дека мораме да направиме некои потребни чекори да бидеме во позиција да ја освоиме титулата. Ферари има голем напредок од минатата сезона. Имаме добра сезона, но навистина би било болно ако на крајот завршиме зад Мерцедес“, изјави Биното. 

Се вчитува...