Ќе биде жешко полуфинале: Македонија ќе игра против Косово во Скопје – за ЕП 2020

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против селекцијата на соседот Косово во полуфиналниот дуел од плејофот во Лигата на нации, за пласман на Европското првенство во 2020 година. Нашиот национален тим ќе биде домаќин, а мечот ќе се игра во март 2020 година. Ќе биде тоа навистина жешко полуфинале на арената „Филип Втори“ во Скопје, и сигурно пред преполни трибини.

Селекцијата на Косово вечерва убедливо го совлада Азербејџан на домашен терен со 4-0 и го освои првото место во групата 3, со 14 освоени бода. Арбер Зенели постигна хет – трик за косовската репрезентација, а стрелец на еден погодок беше Амир Рахмани.

Во второто полуфинале од плејофот во Лигата Д, ќе играат Грузија и Белорусија.

Се вчитува...