Ќе игра ли Јокиќ на СП во Кина?

Никола Јокиќ нема настап за српската репрезентација уште од Олимписките Игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, во меѓувреме тој прерасна во еден од најдобрите центри во светската кошарка, но редовно ги користи летните паузи за одмор и индивидуални тренинзи. Србите се надеваат дека овојпат ќе биде поинаква ситуацијата и Јокиќ ќе настапи на СП 2019 во Кина, но првичните коментари по елиминацијата на неговиот тим Денвер нагетс не се ветувачки за нашиот северен сосед.

„Ќе биде важно како ќе се чувствувам, што мисли мојот тим за сето тоа, каков ќе биде ставот на моето семејство, на мојот агент… Ќе видиме, одиграв премногу натпревари сезонава. Сепак, никогаш не се знае“ – истакна Јокиќ во својата прва изјава по крајот на НБА-сезоната со поразот во мајсторката од Портланд.

Теодосиќ и Богдановиќ веќе објавија дека сигурно ќе настапат на Мундијалот во Кина, но јасно е дека шансите за медал на Србија значајно би се зголемиле кога селекторот Ѓорѓевиќ на располагање би го имал и Јокиќ.

СП во Кина ќе се игра о 31 август до 15 септември, а српскиот национален тим во групната фаза ќе се сретне со Ангола, Италија и со Филипини.

Се вчитува...