„Ќе не исфрлеа од Мундијалот и доколку директно се пласиравме во Катар“

Селекторот на руската фудбалска репрезентација Валериј Карпин смета дека неговата селекција би била исфрлена од Светското првенство и доколку директно би обезбедила пласман на Мундијалот во Катар.

Поради суспензијата на ФИФА и УЕФА поради агресијата над Украина „зборнаја“ нема да игра бараж меч против Полска за пласман на Светското првенство.

„Ќе не избркаа да не загубевме од Хрватска, односно да одевме директно на Мундијалот. Секако, 100 отсто. Се почна на 24 февруари, а на сопругата и реков дека нема да одиме на Светско првенство. Тоа не беше предвидуавање, туку логичен исход и разбирање на ситуацијата“, изјави Карпин.

Репрезентацијата на Хрватска на 14 ноември минатата година ја совлада Русија со 1-0 со автоголот на Фјодор Кудрјашов и со тоа се пласираше на Светското првенство во Катар. ФИФА и УЕФА ги суспендираа сите руски клубови и националниот тим од сите натпреварувања поради инвазијата на Украина.

Се вчитува...